Халкбанк нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking 

61

Халкбанк ги информира своите клиенти дека започнувајќи од 16- ти март, па сè до 31-ви март банката нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking за сите плаќања во денари, стои во соопштението.

Овој чекор Халкбанк, како што се наведува, го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето. Преку користење на онлајн услугите на Халкбанк наместо класичното одење на шалтер, се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.

Во време на мерки на претпазливост и грижа за најважното – а тоа е здравјето, банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност, правете ги онлајн и безконтактно со дигитални системи за банкарство на Халкбанк.