Халкбанк овозможува плаќање на патарини со нивните платежни картички

48

halkbank-580x381

Халкбанк АД Скопје во соработка со ЈПДП (Јавно претпријатие за државни патишта) на сите патници низ патиштата во Македонија им овозможува брз и лесен начин за плаќање на патарини со користење на нивните платежни картички.

Сите иматели на дебитни или кредитни картички од брендот на Mastercard или Visa, од било која банка во Македонија или странство, можат да ги користат своите картички за брзо и лесно плаќање на патарините низ Македонија и тоа без внесување на пин.