Генералниот директор на турската Halkbank, Али Фуат Ташкесенлиоглу, најави дека раководството во наредниот период ќе ги разгледа сите можности на Балканот за да стане силна регионална банка.
Ташкесенлиоглу за Анадолија нагласи дека цел на банката е во наредниот период да ги зголеми активностите и дека работат на јакнење на брендот на странски пазари, а влегувањето во редот на најважни играчи во финансискиот сектор во земјите од регионот е една од основните цели на развојната стратегија, пишува Milliyet.
Како успешен пример тој ја посочува Халкбанк АД Скопје во Македонија, каде е направен голем исчекор во последните две години – зголемен е бројот на подружници од 21 на 34 во 16 градови. Наведува и дека минатата година во Србија купија 76,76% од Чачанска банка и го сменија името во Халкбанк АД Белград.