Халкбанк со нова мобилна апликација за електронско банкарство

24

halkbank-580x325

Халкбанк на петти овој месец изврши надградба на апликацијата за електронско банкарство за физички лица, стои во соопштението.

За полесно користење, како што се наведува, дополнети се старите и воведени се нови функционалности. Меѓу новите функционалности се: нов дизајн со јавен дел од апликацијата којшто не бара најава на корисник: курсна листа, најблиски банкомати / филијали и контакт; преглед на резервации (трансакции со картичката кои сè уште не се прокнижени. Тие се одразуваат на расположливото салдо, но не се прикажуваат во прегледот на промет до нивна конечна реализација); преглед за извршени плаќања со можност за нивно повторување; можност за уплата на отворен депозит; плаќање на долг на кредитна картичка и подобрен приказ и навигација со најблиските банкомати и филијали на банката.

Новата апликација може да се преземе преку најава на постоечката, а може да се користи на таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем.