Hanging City – град на иднината што “виси“

57

Данското архитектонско студио, SquareOne ја сподели својата визија за градот на иднината начерен Hanging City. Самото име, или Град што виси, се базира на идеја за поместување, односно движење во четири насоки, горе – доле – лево – десно преку мега лифтови.

Замислата на тимот е град составен од поврзани кули на различни нивоа со помош на транспортен систем наречен MULTI, што изгледа како огромен стаклен лифт, пишува Designboom.

Ова “превозно средство“ составено од повеќе кабини, би се движело благодарение на магнетна левитација, овозможувајќи им на луѓето непречено и брзо движење од една до друга дестинација.

Со оглед на тоа што глобално се намалува просторот за градба, логично решение е да се оди “нагоре“, односно максимално да се искористат височините.

Овие висечки нивоа би функционирале како обична улица, создавајќи нови можности за отворање на продавници, образовни центри, па дури и градини. Крововите на хоризонталните “сектори“ би можеле да служат како место слетување на дронови или летечки такси.

Во развиените бизнис центри, каде високи згради се вообичаена глетка, ќе се изгради транспортна мрежа што функционира над улиците, оставајќи повеќе простор за култивација на земјата и места за релаксација и рекреација.

За оваа цел, SquareOne ги здружи силите со германската компанија за лифтови ThyssenKrupp и заедно развиваат концепт на Hanging City којшто планираат во блиска иднина и да го тестираат.

Фото: SquareOne