Hansaplast направи магазин што се листа со нозе

55

reklama

Hansaplast, брендот на германската компанија Beiersdorf, промовираше нова линија на креми, дезодоранси и антиперспиранти наречена FootExpert. За да ги промовира своите производи за нега на нозе, агенцијата Being Франција го креираше магазинот Feet Mag. Она што овој магазин го издвојува од мноштвото други е тоа што наместо со раце, може да се листа со нозе. Хартијата е потешка, со поинаква текстура од обичната за да може лесно да се сврти, а фонтот е поголем, за да може да се чита од поголемо растојание.