Haribo не може да најде возачи на камиони за достава

94

Германскиот кондиторски гигант, Haribo не може да пронајде возачи на камиони за достава нивните производи во продавниците низ Велика Британија.

Компанијата додава дека, како и многу други производители и трговци, се соочува со предизвици во снабдувањето, пренесува ВВС.

Проблемите се однесуваат на сите слатки на Haribo, вклучувајќи ги гумените бонбони Goldbears и Tangfastics, а во компанијата велат дека се обидуваат да ги решат во соработка со партнери во секторот за производство на храна и пијалаци.

Недостигот од возачи е предизвика од пандемијата и Брегзит, а се проценува дека во овој момент во Велика Британија недостасуваат околу 60.000 возачи. Минатата година, поради пандемијата, не се одржани околу 30.000 возачки испити за товарни возила.

Голем број компании во Велика Британија имале проблем да пронајдат квалификувани работници кога економијата повторно се отвори, па некои експерти сметаат дека се појави недостиг на работна сила.

Британската влада соопшти дека ги продолжи мерките да го ублажи недостигот на возачи со зголемување на капацитетот за полагање на возачки испити и субвенции за стручно оспособување.

Фото: Pexels