Харибо – Танцувачките мечиња кои прераснаа во глобална сензација

283

Не постои човек што не чул за вкусните гумени бонбони Харибо. Не постои и таков на кој малите мечиња во различни бои и вкусови не му оставиле добар впечаток и желба да проба барем уште неколку.

xNVzunO

Светот пред само неколку дена се прости со Ханс Ригел, човекот кој (заедно со својот брат Пол), скоро 70 години беше на чело на компанијата одговорна за слатките гумени бонбони Харибо.

Ригел беше син на основачот на компанијата, кој во 1920 ги удри темелите на Харибо, зад чие име се неговите иницијали и кратенка од градот Бон (Германија) местото каде започна да цвета бизнисот со гумените мечиња, Hans Riegel, Bonn, односно Ha-ri-bo.

2-format23

Ханс беше одговорен за комерцијалниот дел на бизнисот, како маркетинг и продажба, а Пол за производството.

HaribophotosПриказната за Харибо започна многу одамна, во 20-тите години на минатиот век, со едни малку поинакви мечиња, наречени танцувачки мечиња, според мечките што танцуваат во циркус.

Тоа беа малечки бомбони направени од гумирано овошје за џвакање и токму тие фигури ги поставија темелите на она што подоцна ќе прерасне во планетарно успешен бизнис.

Liquorice_wheelsВеднаш потоа Ригел Сениор започнува со производство на производи од ликориција (слатко растение). Првиот ваков производ беше бонбона во форма на стапче со втиснато лого Харибо. Потоа следуваше трколото од ликорицја, кое подоцна добива светска слава и уште многу други слатки.

Почетниот капитал се состоеше од вреќа шеќер, мермерна плоча, столче, заѕидан шпорет, бакарен котел и сукало.

Високите стандарди за квалитет на производите, редовно збогатување на асортиманот со нови производи, како и добрата маркетинг стратегија развиена од Ханс Ригел Јуниор, беа нештата заслужни за континуираниот успех на Харибо.

Малата компанија, која тогаш се бореше со последиците од Првата Светска Војна, денес е присутна во 100 земји во светот.

Solingen_-_Haribo_10_ies

Нејзиното седиште е во Бон, вработува преку шест илјади луѓе во 15 различни држави, а остварува годишен приход од околу две милијарди евра. Само во Германија има пет фабрики, а останатите 13 се наоѓаат во другите европски земји. Моментално богатството на Ханс Ригел се проценува на 2,17 милијарди евра.

Харибо занимливости

0,,17158611_303,00

Желатинот, животински протеин добиен од колаген, датира уште од пред 4000 години во времето на египетските фараони. Од него се прави гел кој што ја формира тектурата за гумени бонбони. Во 50-тите Харибо започна да користи токму ваков желатин за производство на Гумените мечиња.

haribo_2432114b

Во Харибо Златните мечиња, нема фигури со сина боја поради немањето на соодветен овошен или растителен еквивалент. Компанијата произведува жолти, црвени, портокалови, бели и зелени мечиња, користејќи овошни и растителни екстракти за боја.

Untitled

Харибо ги бои мечињата според вкусот, па така белите се со вкус на ананас, црвените имаат вкус на малина, жолтите на лимон, портокаловите на портокал и зелените на јагода.

Worlds-biggest-Gummy-Bear

Најголемото гумено мече бонбона е рачно направено во САД. Истото тежи 2,2 кг, содржи 6.120 калории и е еднакво на 1.400 обични мали гумени мечиња.

Maoam-MixHAR-GUM-MAM

Брендот MAOAM кој вклучува гуми за џвакање и разни бонбони е дел од Харибо уште од 1986, откако компанијата го купи од Edmund Münster GmbH & Co. KG.

Jelly-Sweet-Hamper-2
Покрај гумените мечиња, слаткиот асортиман на Харибо денес вклучува уште десетици други видови на гумени бонбони во различни форми и со различни вкусови, како Кока Кола миксот, разните овошни комбинации, пенести бонбони, а брендот продолжи да ги произведува и темните бонбони од ликориција.