Harley Davidson ќе произведува електрични мотори и велосипеди

25

Фото: Pixabay

Во рамките на најавите за се поголемите инвестиции во развојот и производството на електрични мотоцикли во американскиот гигант Harley Davidson деновиве се проширува и кадарот којшто се однесува баш на оваа гранка од производството. Како што пренесува порталот Electrek легендарниот американски произведувач на мотоцикли во иднина ќе има цела линија на електрични мотоцикли, но и велосипеди.

Инаку, во рамките на проектот LiveWire веќе беа креирани неколку протоипи на електрични мотоцикли, а сега дефинитивно се шири и целата платформа за “возила на две тркала“ со електричен погон.

Освен што планираат во следните години да се појават на пазарот со првите електрични мотоцикли под брендот Harley Davidson, во компанијата се надеваат дека на купувачите ќе може да им понудат и поширок асортиман на електрични возила кои што варираат со големината, моќноста, но и цената. Исто така, планираат да го “модернизираат“ својот бренд и да привлечат помлади и модерни купувачи.

Така во 2019 година треба да пристигне првиот електричен мотоцикл, а во 2021 и 2022 уште најмалку два, но и поевтини модела.

Порталот Electrek пишува и за плановите на Harley Davidson околу производство на градски скутери, па дури и електрични велоспиеди.

За развојот на цела оваа програма од компанијата се подготвени да инвестираат околу 150-180 милиони долари до 2022 година.