Хартиен билет за едно возење на ЈСП од 50 денари

396

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во пушти во употреба хартиениот билен за едно возење, којшто може да се купи во сите возила на ЈСП и во билетарниците.

Билетот чини 50 денари, а е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден бесконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира бесконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

“Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со ‘Скопска’ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.

Фото: ЈСП