Hasbro ја купува компанијата што го поседува брендот Peppa Pig за четири милиони долари

261

Американската компанија за играчки Hasbro ја купува компанијата што го посетува популарниот цртан филм за деца Peppa Pig за четири милиони долари, пишува CNN.

Hasbro се надева дека со купувањето на Entertainment One ќе го прошири својот бизнис во забавната индустрија за деца.

Компанијата ги поседува и анимираните брендови PJ Masks и Ricky Zoom коишто со новата зделка ќе се придружат на познатите My Little Pony, Transformers, Play-Doh, Monopoly и Power Rangers.

Зделката се очекува да биде комплетирана до крајот на годинава, а некои извршни директори од Entertainment One планирано е да се приклучат на тимот на Hasbro.

Американскиот производител откако ја затвори продавницата за играчки Toys “R” Us, во потрага е по партнери за нови креативни бизниси.
Еден од тие е склученото партнерство со Netflix.
Фото:Facebook