Претставници на Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР) и Светска банка потпишаа Договор за заем за дополнително финансирање во износ од 50 милиони евра за Проект – кредитна програма за финансирање на извозот (CEFIL).
Министерот за финансии Славко Линиќ потпиша со ХБОР договор за гаранции. Заемот е одобрен за да се поддржи приватниот сектор во пристапот до финансии, во опкружување каде поради кризата во еврозоната финансирањето е ограничено, како и поради јакнење на конкурентноста.
Дополнителното финансирање ќе обезбеди нови средства за постоечките проекти на CEFIL што износуваат 100 милиони евра. Досега вкупно 57 извозни фирми успешно ги искористиле средствата за среднорочно и долгорочно финансирање за зајакнување на своето работење. Вкупниот извоз на фирмите кои користеле средства од заеми, а сочинуваат 5% од вкупниот хрватски извоз, е зголемен за преку 30%.