hear0 – рециклирани тениски топчиња претворени во звучници

51

hearohand

Фото: hearO

Тениски топчиња коишто се користени за време на натпреварите на Wimbledon минатата година сега добиваат нова намена. Во лабораторија во Велика Британија од овие рециклирани топчиња се трансформираат во звучници hear0, пишува Design Boom.

Звучниците се изработуваат рачно со помош на хидраулична преса и различни алатки. Високите перформанси на звучниците се постигнати со помош на оптимизирање на животниот век на батеријата, а квалитетот на звук и други карактеристики се развиваат во соработка со Innov8 студио од Париз.