Heartcount – апликација што ја мери среќата на вработените

78

Апликацијата Heartcount претставува алатка за мерење на нивото на среќа на работното место, зад којашто стои српската компанија Vega IT, пренесува Nova ekonomija.

Апликацијата може да ја користат сите оние компании кои сакаат да знаат дали нивните вработени се чувствуваат среќно кога се на работа, како и оние кои сакаат да го намалат одливот на вработени од компанијата и оние кои сакаат да ја унапредат атмосферата на работа.

Компанијата беше дел од експериментот за мерење на среќата и задоволството на работа на данскиот експерти Александер Керулф, кој во последните 20 години се занимава со унапредување на организационата култура на компаниите ширум светот.