ХЕЦ Шпилје го надмина планираното производство

46

71_bigВо хидроцентралата Шпилје кај Дебар, која е дел од Системот Хидроелектрани на Црн Дрим, остварено е  поголемо производство на електрична енергија од планираното за 2013 година.

Според портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски, до сега се произведени 330 милиони киловат часови електрична енергија, а планот кој изнесуваше 250 милиони КВЧ бил исполнет до крајот на август. Досега е произведено за 31% повеќе од планираното.

Како што изјави Котевски, моментално во Дебарското езеро има вода за производство на околу 40 милиони киловат часови електрична енергија.

Во врска со намалувањето на нивото на Дебарското езеро поради санацијата на големиот Мост над езерото – Мелнички мост и работата на трите столбови на мостот, Котевски нагласи дека тоа не влијае во производтвото на електричната енергија.