ХЕЦ Шпилје во 2013 година произведе 57% повеќе струја

31

Во ХЕЦ Шпилје кај Дебар минатата година се произведени 395 милиони киловат часови електрична енегија, што е 57% повеќе од годишниот план.
Минатогодишното поризводството е поголемо за 156 милиони киловат часови од претходната година. Тоа, велат надлежните, се должи на поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, посебно во периодот февруари – мај, и оптимизацијата на производните капацитети.
“Годишниот план од 252 милиона киловат-часови беше реализиран во средината на летниот период. Во 44-годишното постоење, историски рекордно производство од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено пред четири години, поради исклучително поволната хидрологија”, велат во Шпилје.
Во акумулацијата Дебарско Езеро моментно има резерви за произвдство на над 40 милиони киловат часови, а средниот дотек е 21 метар кубен вода во секунда.