ХЕЦ Шпилје во првото тромесечје произвелa 25 милиони киловат часови енергија

32

Турбините на ХЕЦ Шпилје кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат часови електрична енергија.
Оствареното производство претставува околу 10% од вкупно планираното годишно производство, кое согласно енергетскиот биланс е проектирано на 282,5 милиони киловат часови.
“Моментно просечниот доток е околу 40 метри кубни вода во секунда, а исполнетоста на дебарската акумулација е околу 50%. Во неа има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловатчасови”, велат надлежните.
Според познавачите, исполнетоста на акумулацијата е солидна, имајќи го во предвид фактот што зад нас е една од најсушните зими во изминатите 20 години.
Поради исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, лани во овој значаен електроенергетски објект беа произведени 395 милиони киловат часови електрична енергија, што беше за 57% повеќе од годишниот план.
Споредено со производството во 2012 година, произведени беа дури 156 милиони киловат часови повеќе.