Heineken со 17% помал профит

30

heinekenХоландскиот произведувач на пиво Heineken во првата половина од годинава забележа пад на профитот за 17%. Профитот на третиот по големина произведувач на пиво во светот изнесува 639 милиони евра, за разлика од минатата година, кога во првите шест месеци беше забележан профит од 766 милиони евра. Приходот е зголемен за 3% и изнесува 10,4 милијарди евра, благодарение на тоа што Heineken ја презеде Азиска пивара (Asia Pacific Breweries), производителот на Tiger пивото.

Од компанијата истакнуваат дека лошото време влијаело врз расположението на потрошувачите, а извршниот директор Жан Франсоа ван Боксмер изјави дека прогнозата за втората половина на 2013 година е слична.