Heineken укинува 8.000 работни места

28

Холандскиот пивски бренд, Heineken прикажа силен пад на добивката и приходите во 2020 година, најавувајќи бавно закрепнување од пандемијата и укинување на околу 8.000 работни места заради намалување на трошоците.

Нето приходите на вториот најголем производител на пиво во светот се намалени за 12% на 19,7 милијарди евра. Оперативната добивка на Heineken е намалена за 35,6% на 2,4 милијарди евра. Нето добивката е скоро преполовена на 1,1 милијарда евра.

Компанијата планира до 2023 година да заштеди две милијарди евра со реорганизација, намалување на асортиманот и поефикасна потрошувачка. Со прегледот на работата, утврдено е дека компанијата би требало да укине околу 8.000 работни места или 9% од работната сила на крајот на 2019 година.

Трошоците за вработени би требало да се намалат на околу 350 милиони евра.

Фото: Freepik