Хемиски институт Љубљана и Honda развиваат електричен автомобил

22

honda

На љубљанскиот Хемиски институт во тек се темелни истражувања за подобрување на ефикасноста на акумулаторскиот систем на електричните автомобили на Honda, во рамките на програмата Honda Initiation Grant Europe. Почетните чекори се позитивни и ако развојот оди според планираното, словенечкото знаење ќе биде применето во електромобилите на Honda, пишува словенечки Дневник.

На Хемискиот институт во Љубљана за овој јапонски произведувач ќе се извршуваат темелни истражувања на батериски системи кои во иднина ќе најдат место во електричните возила на Honda. Проектот ќе го водат Роберт Доминко и Бостјан Генорио.

“Проектот е необврзувачки, наменет за меѓусебно запознавање и заедничко барање на развојни можности. Батерискиот систем можеби ќе биде комерцијализиран дури за 10 години, но ова е одлична база за долгогодишна и трајна соработка со Honda”, вели Доминко.

Оваа програма на Honda е осмислена за продлабочување на соработката со европските универзитети и истражувачки институти.