Компанијата Hemomont, која воедно е и првата фабрика за лекови во Црна Гора и членка на групацијата Hemofarm и Stada, отвори нов погон во Подгорица за производство на стерилни назални спрејови, пишува SeeBiz.
Новиот погон се простира на 1.700 квадратни метри и е инвестиција вредна 5,3 милиони евра. Во погонот ќе работат 30 луѓе, а планирано е производство на три милиони спрејови месечно, коишто ќе се извезуваат на девет странски пазари.
Оваа фабрика опстојува веќе 24 години и од мал погон за производство на основни раствори за инфузии прерасна во компанија лидер во фармацијата во Црна Гора. Таа е и еден од најголемите извозници од земјата, а со текот на годините го зголеми бројот на вработени за седум пати.
Инаку Hemofarm е регионален центар на групацијата Stada за пазарите на Централна и Југоисточна Европа и има свои погони во 13 земји, од кои 8 се дел од ЕУ.
Освен новиот погон Hemomont го претстави и новиот систем за прочистување на водата, еден од првите од таков вид во Црна Гора. Прочистувачот којшто е вреден еден милион евра ќе придонесе за подобра заштита на животната средина и поголема безбеднст на целиот комплекс на Hemomont.
Фото: Stada