Henkel со рекорден раст на приходите

17

henkel-duesseldorf-logoФото: Henkel

Германската компанија Henkel ја зголеми својата продажба за 7%, за прв пат достигнувајќи приход од над 20 милијарди евра, соопштуваат од компанијата.

Гигантот имаше успешна 2017 година на финансиски план, благодарение на неколкуте технолошки иновации што беа воведени и 3D технлогијата за печатење.

Компанијата забележала подем во сите три сектори. Продажбата во секторот хемиски супстанци пораснала за  5%, кај призводите за убавина 0,5%, а кај детергентите и другите производи за домаќинство се зголемила за 2%.

За 2018 година, Henkel очекува раст на продажбата од 2 до 4%.

Хенкел е германска компанија за хемиски производи и роба за широка потрошувачка со седиште во Диселдорф, Германија. Основана е во 1876 година и денес е мултинационална компанија организирана во три деловни целини коишто оперираат на глобално ниво: грижа за домот, грижа за убавината и технологии за адезиви.