
Француската модна компанија Хермес (Hermès) објави дека во 2025 година забележала девет проценти зголемување на приходите, на повеќе од 16 милијарди евра, со што ги надминала своите конкуренти во година која беше кризна за целиот сектор на луксузни стоки.
Оперативниот профит се зголеми за седум проценти и достигна 6,6 милијарди евра, што е значително подобар резултат во споредба со другите компании во индустријата.
Додека водечките играчи во секторот за мода и луксузни кожни производи најмногу забележаа пад на продажбата минатата година, францускиот семеен бренд успеа да постигне силен раст во услови на слаба побарувачка на клучните пазари во Европа и САД, објавува Фигаро.











