Францускиот производител на скии Rossignol и компанијата за електроника PIQ ги создадоа првите “паметни“ скии во светот наречени Hero Master, пишува Engadget.
Скиите се со интегриран LED екран поставен на една од скиите и компјутер којшто има вградено еден вид вештачка интелигенција. Компјутерот ги собира и анализира движењата на скијачот по патеката, ефикасноста на кривините, брзината, а корисните податоци се прикажуваат на скијачот на LED екранот.
На овој начин, скијачот добива информации што може да му користат за подобрување на техниката на скијање.
Rossingol Hero Master засега е прототип и не се знае кога ќе започне производството.