
Стапката на невработеност во еврозоната се зголеми на 6,3 проценти во август од 6,2 проценти во јули, соопшти Евростат во четврток, што е малку под пазарните очекувања дека ќе остане непроменета.
Европскиот завод за статистика – Евростат објави дека стапката на невработеност во Европската унија остана стабилна на 5,9 проценти.
Евростат процени дека во август во ЕУ имало 13,09 милиони невработени, вклучувајќи 10,84 милиони во Еврозоната. Во споредба со јули, бројот на невработени се зголемил за 39.000 во ЕУ и за 11.000 во Еврозоната.
Невработеноста кај младите останува загрижувачка. Околу 2,82 милиони луѓе на возраст од 25 години и помлади биле невработени низ цела ЕУ, вклучувајќи 2,22 милиони во еврозоната. Стапката на невработеност кај младите достигна 14,6 проценти во ЕУ, во споредба со 14,4 проценти еден месец претходно, додека во Еврозоната остана на 14 проценти.
Шпанија имаше највисока вкупна стапка на невработеност од 10,3 проценти, додека Малта и Словенија регистрираа најниска од по 2,9 проценти.











