Hideaway – јакна што може да се полни со стари весници или лисја

59

jakna-zolta

Компанијата Uncharted Supply Company создаде јакна којашто е отпорна на ветер и дожд, а е направена од густ материјал што не дозволува да се скине, пишува Psfk.

Јакната, што го носи името Hideaway, не зафаќа многу простор и може многу лесно да се спакува.

jakna-zolta-1

Но, она по што е особено специфична е тоа што има посебни прегради коишто може да се исполнат со: стари весници, лисја, памук и слично. Со тоа, јакната станува уште потопла во зимските денови.

Јакната може да се купи по цена од 50 долари.

jakna-zolta-polna