HIFA – апарат за кафе го користи својот отпад за одгледување печурки

54

Adrian-Perez-HIFA-coffee-mushroom-lead-1020x610

Двајца дизајнери од Колумбија, Адриан Перез и Маурисио Карвахал, го креираа апаратот за кафе HIFA којшто не дозволува остатоците од кафето да се фрлат, пишува Yanko Design. Наместо да завршат во отпад, тие служат како одлична почва за растење на печурки.

Горниот дел на HIFA функционира како вообичаен апарат за кафе. Она што го прави различен од другите е долниот дел. Во него се додаваат остатоците од кафето, мицелиумот (делот од којшто ќе никнат печурките) и вода по потреба. За некое време печурките растат и се готови за берење.

Сè уште не се знае дали и кога овој необичен апарат ќе биде достапен на пазарот.

Adrian-Perez-HIFA-coffee-mushroom-06Adrian-Perez-HIFA-coffee-mushroom-09-1020x610