Хигиенски клуч – направа за оние кои максимално сакаат да се заштитат од вируси

248

Американската компанија StatGear, со седиште во Њујорк, на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, понуди интересен хигиенски гаџет.

Компанијата, којашто се занимава со дизајнирање и производство на иновативни производи за опстанок и спасување, направи хигиенски клуч изработен од месинг (којшто е антимикробен).

Овој клуч може да се користи во извршување на секојдневни задачи како впишување на пин на банкомат, стискање на копче за лифт, отворање на врати…

Идејата е да се користи овој клуч наместо рака за да се завршат секојдневните задачи, одржувајќи ги рацете почисти и безбедни и со помала веројатност да пренесуваат бактерии и вируси.

Инаку на платформата се собрани над 470.000 долари, а целта е да се соберат 5.000 долари, а има уште помалку од 30-тина часа за собирање на средства.

Фото: Facebook