Хипо банка ги продава своите банки во регионот

49

Корушка Хипо Алпе Адриа Банк објави, во рамките на мерките за спас, одлука за продажба на своите банки во пет земји од југоисточна Европа, кои од сега официјално се на пазарот, јавува австриската новинска агенција АПА.

Писмените понуди во врска со купопродажбата на тие банки ќе се примаат до 7 декември во 15 часот, објави Хипо банка. Банката си остава за право процесот на купопродажба целосно или делумно да го промени или да го откаже.

На продажба се ставени банкарските мрежи во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија. Банкарската мрежа во овие земји ги вклучува и фирмите за лизинг.

Во овој продажен пакет се работи за банки чиј вкупен биланс изнесува скоро 11 милијарди евра, 1,1 милиони клиенти и 250 филијали.