Hit the Gold – хрватски систем за ментален тренинг на стреличари

61

hr start up

Загрепскиот медицински старт-ап CORE Interface го претстави својот втор, необичен производ – системот Hit the Gold којшто служи за ментален тренинг на стреличари.

Овој систем на стреличарите им овозможува со умот да управуваат со виртуелни лак и стрела и така да го подобрат стрелањето.

“Hit The Gold е развиван две години. Во текот на тој период создадовме банка на мозочни бранови на стреличари, од почетници до професионалци, за да откриеме што им е потребно за ментално да бидат во “зона” и да постигнат погодок”, вели Марин Миндољевиќ за Пословни дневник.

Како што вели Миндољевиќ, малопродажната цена на овој производ ќе биде 720 долари плус годишна претплата од 120 долари, а веќе имаат 400 преднарачки. Интерес за системот веќе покажале рускиот олимписки одбор, како и олимписките одбори на Финска и Словачка.

CORE Interface работи на пазарот на решенија што се засноваат на неврофидбек, односно на компјутерско читање на мозочните бранови. Овој хрватски старт – ап во февруари годинава ја претстави апликацијата TinnitusOFF, којашто служи за лечење на зуењето во ушите.