Хитроу: Отворањето на третата писта е можно дури во 2039 година

Лондонскиот аеродром Хитроу објави дека отворањето на планираната трета писта може да се одложи до 2039 година.

„Нашиот фокус отсекогаш бил да добиеме градежна дозвола до 2029 година. Кога ќе го постигнеме тоа, пистата ќе биде отворена во рок од 10 години“, изјави портпаролот на Хитроу во писмена изјава, според Ројтерс.

Хитроу оцени дека целта за издавање на лиценцата до 2029 година е „амбициозна“ и ќе бара значителни промени во регулативите и владината политика.