
Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека земјите-членки на ЕУ треба да размислат за намалување на потрошувачката на гас поради наглиот пораст на цените.
Складирањата за гас во Европа во моментов се полни со околу 70 проценти, додека цената на гасот на холандскиот референтен пазар TTF е над 70 евра за мегават-час со недели, што е ниво кое не е видено од енергетската криза во 2022 година, објавува Euractiv.
„Се соочуваме со ценовна криза која е поврзана со криза во снабдувањето“, предупреди Јоргенсен во писмо до министрите за енергетика на земјите-членки, до кое Euractiv имаше пристап.













