Хјундаи ќе го лансира малиот електричен кросовер Casper во Европа по цена под 20.000 евра

Корејскиот производител оваа година ќе го лансира малиот електричен кросовер Casper во Европа.

На овој начин, Hyundai Casper би се приклучил на новиот бран мали и мини електрични возила кои се планирани или веќе почнале да се продаваат во Европа, вклучувајќи модели како Dacia Spring, Renault Twingo, Citroen e-C3.

Возилото ќе му овозможи на Hyundai да се натпреварува со евтините електрични автомобили лансирани во Европа од кинеските производители на автомобили како MG Motors и BYD.

Лице запознаено со плановите на Hyundai изјави за Automotive News Europe дека автомобилот се очекува да биде прикажан во Европа во третиот квартал, а првите испораки ќе започнат до крајот на годината.

Hyundai минатата година објави дека развива градски автомобил од А сегментот со цена под 20.000 евра.

Фото: Hyundai