Холандија, Кина и Мексико – топ извозници на кромид во светот

47

Холандија е извозник број еден кога станува збор за кромид. Минатата година од оваа земја е извезен кромид во вредност од 676 милиони долари. Зад Холандија се најде кинескиот кромид со извоз од околу 510 милиони долари, додека на трето место се најде Мексико со извоз во висина од 420 милиони долари.

Во топ 10 извозници на кромид се најдоа и: Индија (421 милион долари), САД (231 милион долари), Шпанија (174 милиони долари), Иран (124 милиони долари), Египет (117 милиони долари), Полска (82 милиони долари) и Франција (80 милиони долари).

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Србија (на 43-то место) со извоз од 5,3 милиони долари. Словенија е 53-та со извоз на кромид во висина од 2,7 милиони долари, додека две места подолу е Македонија со извоз на овој зеленчук од 1,5 милиони долари. Грција е две места зад нас со извоз од 1,2 милиони долари, додека Бугарија и Хрватска се на 77-ма односно 78-ма позиција со извоз на кромид од околу 360 милиони долари.

Овие три од вкупно 135 земји се најдоа на дното на листата: Ирак, Гвајана и Доминиканска Република.

Фото: Pixabay