Холандија најголем извозник на компири во светот

56

Компирот е една од најзастапените намирници во исхраната на глобално ниво. Минатата година продажбата на овој зеленчук, во необработена форма, во светски рамки достигна вредност од 4,33 милијарди долари.

Според анализата на World’s Top Exports, следниве земји се најголеми извозници во светот:

  1. Холандија – 793,9 милиони долари (18,3% од вкупниот извоз на компири)
  2. Франција – 642 милиони долари (14,8%)
  3. Германија – 374 милиони долари (8,6%)
  4. Кина – 261,2 милиони долари (6%)
  5. Канада – 252,2 милиони долари (5,8%)
  6. САД – 235,8 милиони долари (5,4%)
  7. Египет – 206,9 милиони долари (4,8%)
  8. Иран – 203 милиони долари (4,7%)
  9. Белгија – 199,3 милиони долари (4,6%)
  10. Шпанија – 153,7 милиони долари (3,5%)

Компирот како намирница се извезува и во преработена или замрзната форма, а земјите кои најмногу го извезуваат како таков се Белгија, Холандија, САД, Канада и Германија.

Фото: Pixabay