Холандија развива асфалт што “сам“ ги поправа дупките

46

pat-so-dupki-pixabay

Фото: Pixabay

Тим научници од Холандија развиваат материјал со чија помош полесно се поправаат и пополнуваат дупките на патиштата, коишто претставуваат голем проблем бидејќи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, пишува Inhabitat.

Ерик Шланген од Универзитетот за технологија Делфт, развива асфалт што може “сам“ да ги поправа дупките. Тој меша челични влакна со асфалт со цел да се направи материјал, којшто во допир со поголема топлина (што се создава од голема машина за индукција) го олеснува процесот на затворање на пукнатините на патот.

Овој иновативен материјал е ставен на тест на 12 патишта во Холандија, од кои едниот функционира од 2010 година и сè уште е во одлична состојба. Ваквиот асфалт се очекува да биде за 25% поскап од вообичаениот асфалт, но може да трае до два пати подолго.

Според одредени проценки, овој вид на асфалт во Холандија на годишно ниво може да донесе заштеда од 90 милиони евра.