
Во Холандија е сезона на лалињата, но одгледувачите уништуваат над милиони цветови дневно, бидејќи пандемијата на коронавирусот драстично ја намалува побарувачката, пренесуваат тамошните медиуми.
Огромни количини на лалиња, рози, хризантеми и други видови на цвеќиња чекаат да бидат уништени.
“Тоа е единственото нешто што ни преостанува“, вели Мајкл ван Шие, портпарол на холандското здружение на цвеќари и најголемата аукциска куќа за цвеќиња.
Според податоците, досега се уништени меѓу 70 и 80% од годишното производство на цвеќе во Холандија. Тоа, како што се наведува, е тежок удар за земјата за која лалињата се подеднакво важен симбол за националниот идентитет исто како и ветерниците, сирењето и култните кломпи.
Единствено нешто што, како што се наведува, им преостанува на Холанѓаните да почнат кампања под името Купувајте цвеќе, а не тоалетна хартија.
Фото: Pixabay