Холандска компанија ќе прави физибилити студија за национален авиопревозник

18

Холандска Интервистас консалтинг Б.В. (InterVISTAS Consulting B.V) во наредните четири месеци треба да изработи физибилити студија за можноста за воспоставување национален (редовен) авиопревозник во Македонија, пишува Миа.

Студијата треба да даде јасна слика која ќе покаже дали има економска исплатливост и под кои услови ќе може да се формира, односно воспостави национален авиопревозник.

Избраниот консултант треба во рок од 60 дена да ја заврши првата фаза од студијата. Доколку студијата од првата фаза покаже физибилност, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја заврши и втората фаза.

За подготовка на студијата за економска исплатливост, според огласот за избор на консултантот објавен во ноември лани, е планирано да се потрошат околу 160.000 евра, без вклучен ДДВ.

Покрај изработка на студијата, според најавите, консултантот ќе треба да анимира реномирани странски авиокомпании во пронаоѓање интерес да станат македонски национален авиопревозник, но и да ја советува македонската Влада во текот на целата постапка за пронаоѓање квалитетна и издржана понуда за успешно спроведување на проектот.