@Home го прослави петтиот роденден со нов продажен објект

23

home

Познатиот бренд @Home по повод јубилејното петгодишно постоење, својот роденден го прослави со отворање на нов продажен објект во Скопје. Лоциран во градскиот парк, во делот на Техномаркет, овој салон ќе биде прилика повеќе за граѓаните кои уживаат и сакаат да го разубават и опремат својот дом со уникатни додатоци и производи од светски познати брендови како што се Zeller, Eurographics, Leifheit, Umbra, Bizzotto, Spirela и многу други.

@Home веќе пет години по ред внесува новости и свежина во домот на многу македонски граѓани, украсувајќи ги нивните спални соби, бањи, кујни и градини. Во зависност од вкусот и желбата на купувачите, @Home располага со голем асортиман на традицонални и модерни додатоци и декорации коишто на вашиот дом ќе му дадат автентичен и карактеристичен животен стил.