Homed – инвентивно решение за сместување на бездомници

27

b1

Дизајнерското студио Framlab, со седиште во Осло и Њујорк, понуди решение со коешто бездомниците ќе бидат сместени во вертикално организирани единици закачени на празните ѕидови на зградите наречени Homed. Со оглед на тоа што градежното земјиште е сè поскапо и помалку го има, дизајнерите сметаат дека ова би било локациски најадекватно и економски исплатливо решение.

Homed е осмислен како систем од хексоаголни (шестаголни) единици направени од алуминиум чија внатрешност е исполнета со 3D испечатени елементи. Оваа конструкција би можела да издржи неповолни временски услови и лесно може да се монтира и демонтира, пишува Dezeen.

b2

Бездомниците ќе користат скеле за да влезат во објектот, а прозорите поставени на предниот дел на единиците ќе им овозможи природно светло на станарите. Прозорите, исто така, ќе може да се користат за прикажување на уметнички дела или реклами.

Од компанијата велат дека нивниот проект Homed не би ја решил целосно бездомничката криза, но важно е дизајнерите да бидат вклучени во разговори на оваа тема и да дадат свои решенија.

Фото: Framlab