Honda ќе престане да произведува дизел возила во Европа во 2021 година

28

Јапонскиот производител Honda ќе престане да произведува дизел возила за две години, за сметка на електрични автомобили.

Целта на компанијата е сите возила во Европа да бидат на електрична енергија до 2025 година, пишува Reuters.

Овој план на Honda е дел од долгорочната цел за производство на возила на батериски погон. Компанијата сака на ваквиот тип на возила да отпадне две третини од вкупното производство до 2030 година.

Уште во февруари годинава Honda најави дека во 2021 година ќе ја затвори фабриката за производство на дизел автомобили во Велика Британија, што ќе доведе до отпуштање на 3.500 вработени.

Фото: Pixabay