Honda напушта еден од најголемите пазари во Европа

149

Официјалните дилери на автомобили во Русија веќе нема да добиваат нови автомобили Honda почнувајќи од 2022 година, објави подружница на јапонскиот производител на автомобили, објаснувајќи го потегот како дел од напорите за преструктуирање.

Присуството на Honda на рускиот пазар ќе биде ограничено на продажба на мотоцикли и електрична опрема, објави компанијата. Тие наведуваат дека компанијата ќе продолжи да обезбедува услуги по продажбата на сопствениците на Honda.

Продажбата на автомобили Honda во Русија падна за 50% во ноември во однос на претходната година.

Јапонците во оваа земја продадоа само 79 возила, додека вкупната продажба на нови автомобили порасна за 5,9% на 157.580.

За 11 месеци годинава, Honda во Русија продаде 1.383 возила што е за 15% помалку во однос на истиот период лани.

Сепак, продажбата на јапонската компанија на рускиот пазар на автомобили почна да паѓа и пред појавувањето на кризата со коронавирус.

Фото: Freepik