Honda со реклами според фантазијата на мали деца

20

honda

Honda направи две видеа, по сценарио на две мали дечиња.

Едното видео е според фантазијата на четиригодишниот Итан, во кое главни ликови се два диносауруса (едниот има голем стомак затоа што многу јаде пица). Заедно со Honda ракета одат на Марс, каде што има многу вулкани. Се борат со змејот, ја спасуваат принцезата од розовиот замок (која има мало маче) и се враќаат на Земјата.

Второто видео е по сценарио на шестгодишната Кинсли, во кое две другарки (едната е син делфин) со Honda подморница одат во подводен лов на богатство. Во длабочините ги пресретнуваат сина пеперутка и лоша ајкула, која бега од полето на сила на автомобилот (читај фарови). Наоѓаат ковчег со богатство, во кој има торта и балони, прават голема забава и си одат.