Хондурас го намали извозот на кафе во светот

25

Извозот на кафе од Хондурас во јануари оваа година е намален за 18% поради намалената глобална побарувачка, предизвикана од рестриктивните мерки за пандемијата, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот институт за кафе.

Централноамериканската држава во јануари извезе 590.481 вреќа кафе од по 60 килограм, а во истиот период лани количината беше 718.886 вреќи.

“Проблемите со побарувачката на светскиот пазар се забележани во јануари поради континуираните ограничувања во неколку земји поврзани со ширење на коронавирусот“, вели Мигел Пон, извршен директор на Здружението на извозници на кафе од Хондурас.

Според него, ситуацијата дополнително ја комплицира и зголемената понуда.

Националниот институт за кафе очекува извоз на 5,6 милиони вреќи кафе или 10,7% помалку од првичните прогнози, укажувајќи на пад на производството поради штетите што на плантажите во Хондурас ги предизвика разорен ураган.

Фото: Freepik