Honest – успешен и вреден старт – ап бизнис на Џесика Алба

47

alba start up

Познатата холувидска актерка Џесика Алба не само што е успешна во светот на филмската уметност, туку таа е соосновач на старт – ап компанијата Honest.

Станува збор за компанијата што преку интернет продава природни, биоразградувачки и еколошки производи за нега на деца. Honest оваа година очекува приходи од 150 милиони долари, а неодамнешните инвестиции во компанијата ја искачија нејзината вредност на ниво од една милијарда долари. Очекуваниот годишен приход за оваа година се проектира да биде три пати повисок од реализираниот во 2013 година, јавува Wall Street Journal.

Коосновачот и бизнис партнер на Алба, Брајан Ли, смета дека благодарение на нејзината популарност,  постојано расте побарувачката за нивните еколошки производи, особено од бројните фанови.

“Од отворањето на бизнисот во 2012 година, со нетоксичните пелени и други производи за бебиња, со седиште во Калифорнија, забележавме позитивен тренд помеѓу чувството за заштита на животната средина и општествената одговорност“, вели Ли, кој додаде дека околу 80% од приходите на Honest доаѓаат од клиенти кои се претплатени и на месечна основа ги добиваат производите што им се потребни.