Хонг Конг во рецесија – за прв пат по 10 години

13

Хонг Конг потврди дека се наоѓа во рецесија, прв пат во последните 10 години, во време кога на улиците има масовни демонстрации.

Економската активност, во периодот јули – септември, е намалена за 3,2%, во споредба со претходниот квартал, пишува BBC.

Исто така, голем број туристи веќе некое време го одбегнуваат Хонг Конг поради демонстрациите.

Протестите во Хонг Конг започнаа во јуни оваа година кога владата предложи контроверзен закон за екстрадиција на лица од Хонг Конг во централниот дел на Кина. По 20 недели, овој закон е повлечен, но демонстрациите продолжуваат.

Фото: Pixabay