Хоспитализиран претседателот на Samsung поради срцев удар

17

pretsedatel na samsung

Претседателот на Samsung Electronics Co, Ли Кун Хе, е хоспиталозиран поради проблеми со срцето и сега закрепнува, соопштуваат од компанијата.

Седумдесет и двегодишниот Ли и претходно имал проблеми со здравјето, особено со респираторниот систем, откако му беше дијагностициран рак на белите дробови во 1999-та година, пренесува Reuters.

Во последните неколку години, Ли ги назначи своите синови на највисоките позиции во компанијата, чија вредност достигна и до 435 милијарди долари.

Како негов заменик и наследник на највисоката функција во компанијата е неговиот син Џеј Ли.