Хотел во Бали воведе забрана за мобилни телефони покрај својот базен

30

Хотелот Ayana Resort & Spa, во Бали, Индонезија, забрани мобилни телефони и останати електронски уреди покрај еден од своите базени.

Луксузниот ресорт спроведува кампања наречена In the Moment (Во моментот) со којашто гостите не смеат да носат со себе камери, лаптопи, таблети, телефони со цел да можат максимално да уживаат во услугите што базенот ги нуди, пишува Lonely Planet.

Од хотелот велат дека доколку некој сака да го посети базенот River Pool, ќе се “прости“ од телефонски повици, пораки, сурфање на интернет и фотографирање од девет до пет часот во текот на денот. Гостите пред да влезат во луксузниот базен ќе треба да ги остават своите уреди во специјално шкафче наменето само за тоа.

За престојот да им биде позабевен ќе можат да побараат некои од “старите игри“ како карти, шах, судоку и слично.

Фото: Ayana Resort & Spa