Хотел во Белград од 20-тите години на минатиот век продаден за 2,35 милиони евра

89

Хотелот Сплендид во Белград е продаден на јавно наддавање за околу 2,35 милиони евра на понудувачот DT Properties од Белград, пренесуваат тамошните медиуми.

За хотелот наддавале пет понудувачи.

Компанијата DT Properties е регистрирана во Белград, но нејзиниот единствен сопственик Vantolia Holdings Limited е од Кипар.

Петкатниот хотел со подрум и приземје, има 1.195 метри квадратни корисна површина, а е отворен во 1923 година. По Втората светска војна бил национализиран, за во 2008-ма да биде приватизиран, но договорот бил раскинат.

Хотелот Сплендид го основале кројачите Живот Лазаревиќ и Трифун Јовановиќ, а по усвојување на Законот за реституција, вратен е на нивните наследници, кои го понудиле на продажба.