Хотел во Данска има соби што “сами“ се чистат

32

Фото: Facebook

Во данската престолнина од неодамна функционира хотел, чии соби “сами“ се чистат, пишува Bloomberg.

Секое утро собите во хотелот Ottilia “сами“ се дезинфицираат без собарки и користење на препарати за чистење. Хотелот во соработка со данската компанија ACT.Global, ја презеде технологијата под името ACT CleanCoat,којашто се активира со помош на сончевата светлина.

Посебниот антибактериски спреј ги уништува сите бактерии, може во една соба да се користи цела година, а во исто време ги елиминира и загадувачите како што е чадот од цигарите и непријатните мириси.

“Персоналот повеќе не мора да користи хемија и да го вдишува тоа што испарува од нив. Може да поминуваат со правосмукалка, да пребришат со влажна крпа, а CleanCoat го завршува остатокот од работата. Гостите, исто така, имаат бенефит, бидејќи нивните соби брзо се чистат, без да се употребат хемикалии што може да предизвикаат алергиски реакции“, вели Карим Нилсен, главен извршен директор на Brockner хотелите, во чии рамки е и иновативниот хотел Ottilia.

Секоја соба, што е опремена со ваков систем за чистење, чини околу 2.500 долари.